Директорката на OpenAI, Мира Мурати го опишува скокот од GPT-4 на GPT-5 како кога ученик преминува од средно училиште на универзитет, а откри и кога следната верзија на Chat-GPT ќе пристигне во комерцијална употреба
Веќе подолго време се зборува за следната голема еволуција на ChatGPT. GPT-5 или како и да ќе се вика, се споменуваше често во текот на изминатата година, но вчера, главната технолошка директорка на OpenAI, Мира Мурати даде дополнително појаснување за неговите способности.
Во интервју за Dartmouth Engineering објавено на X Network, Мурати го опиша скокот од GPT-4 на GPT-5 како некој да премине од средно училиште на универзитет.
„Ако ја погледнете траекторијата на подобрување, системите како GPT-3 се можеби на ниво на интелигенција на мало дете“, вели Мурати. „Системите како GPT-4 се повеќе како интелигенција на паметен средношколец, а потоа, во следните неколку години, може да видиме интелигенција на ниво на докторски студии за конкретни задачи. Работите се менуваат и се подобруваат прилично брзо“.
Mira Murati: GPT-3 was toddler-level, GPT-4 was a smart high schooler and the next gen, to be released in a year and a half, will be PhD-level pic.twitter.com/jyNSgO9Kev
— Tsarathustra (@tsarnick) June 20, 2024
Интересно е дека Мурати беше замолена да ја специфицира временската рамка, и беше прашана дали тоа ќе се случи следната година. Таа потврди со климање, па појасни дека ќе биде за година и полови. Ако е тоа точно, GPT-5 можеби нема да биде објавен до крајот на 2025 година или почетокот на 2026 година. Некои ќе бидат разочарани кога ќе слушнат дека следниот голем чекор е толку далеку.
GPT-5 веројатно ќе пристигне следната година
На крајот на краиштата, првите гласини за времето на лансирање на GPT-5 беа дека тоа ќе се случи кон крајот на 2023 година. И кога тоа не се оствари, извештаите укажуваа дека ќе биде лансиран подоцна ова лето. Тоа се испостави како како верзијата GPT-4o, што беше импресивно издание, но не баш оној скокот во интелигенцијата за кој тука зборува Мурати.
Во однос на тврдењето за интелигенцијата, Мурати го потврдува она што претходно беше кажано за GPT-5. CTO на Microsoft, Кевин Скот тврди дека AI системите од следната генерација ќе бидат „способни да полагаат докторски испити“ благодарение на подобрата меморија и операциите за расудување, пренесува DigitalTrends.
Мурати признава дека „интелигенцијата на ниво на докторат“ се однесува само на некои задачи. „Овие системи веќе се на нивото на човечка интелигенција во специфични задачи, но се разбира, во многу задачи не се“, вели таа.