Пречка за лансирање на некои интересни иновации на нашиот континент е Законот за дигитални пазари, со кој функциите како што се вештачката интелигенција или споделувањето содржини на екранот не се усогласени
На отворањето на WWDC конференцијата на Apple оваа година видовме голем број интересни иновации во оперативните системи на Apple, кои ќе бидат достапни од есен. Меѓу нив има и бројни функции поддржани од вештачката интелигенција, кои би требало да ги одведат iOS и другите системи во новата „ера на вештачката интелигенција“. Apple дури смисли и соодветно име за тоа – Apple Intelligence, посочувајќи дека нивниот пристап кон вештачката интелигенција е сосема поинаков од сите други. Но, оваа недела пристигнаа неочекувани и непријатни вести, барем за корисниците од подрачјето на Европската Унија.
Одложување на неодредено
Во изјава за Financial Times, Apple потврдува дека нивните нови функции нема да бидат достапни во ЕУ до крајот на оваа година, туку подоцна. Причината за ова е, како што се очекуваше, строгата европска регулатива за големите платформи („контролори за пристап“), Законот за дигитални пазари. Според него, iOS и iPadOS веќе се прогласени за клучни големи платформи, т.н gatekeeperi-и, што значи дека за нив важат посебни, построги правила.
Одложувањето ќе ја зафати генеративната вештачка интелигенција како помош во создавањето слики, текст и друга содржина (Apple Intelligence), пресликување на екранот на мобилниот телефон на лаптоп (iPhone Mirroring) и споделување на екранот со други корисници (SharePlay Screensharing). „Поради регулаторните несигурности предизвикани од Законот за дигитални пазари, мислиме дека нема да можеме да ги донесеме овие три нови функции до корисниците во ЕУ оваа година“, потврди компанијата. Тие не наведоа дали до тоа дошло затоа што новите функции го прекршуваат Актот или дали се дизајнирани така што приватноста на корисниците не им е главен приоритет.
Се шпекулира и дека можеби се работи за „одмазда“ на Apple кон Европската Унија. Откако мораа да вградаат USB-C на iPhone и да дозволат инсталирање на апликации од надворешни извори, можеби се надеваат дека со негирање на новите функции на вештачката интелигенција, самите корисници ќе ги наведат да се бунтуваат против прекумерното регулирање на дигиталните производи и услуги. Сепак, ваквото сценарио е помалку веројатно, бидејќи усктраувањето на функциите додека се одржува истата (или повисока) цена на уредот може да ги налути корисниците, но поверојатно е дека целта на нивниот гнев би била – исклучиво Apple.
ЕУ и проблематичниот Акт
Во донесувањето на одлуката за одложување, секако значаен фактор е актуелната процедура на ЕК во однос на Apple и Законот за дигитални пазари. Имено, Комисијата наскоро ќе донесе одлука дали отворањето на iOS за надворешни продавници за апликации било во согласност со Законот, односно дали е фер да се наплатува надоместок (Core Technology Fee) за секое преземање на такви апликации во случаи кога тие ќе забележат повеќе од милион преземања.
„Надзорниците за пристап се добредојдени да ги нудат своите услуги во Европа, но само доколку се придржуваат до нашите правила и обезбедуваат фер пазарна конкуренција“, е пораката од Европската комисија.