Final Cut Camera ве става во режисерската фотелја со интуитивни професионални контроли за целата ваша видео продукција“, гласи описот на апликацијата на App Store.
Apple ја објави Final Cut Camera апликацијата за iPhone на App Store, која им овозможува на корисниците попрецизна контрола врз поставките за снимање видео, како што се прилагодување ISO, брзина на блендата, баланс на белата боја и рачен фокус.
Дополнително, можно е да се прилагоди резолуцијата на видеото (720p, 1080p или 4K), како и бројот на слики во секунда (24, 30 и 60 FPS). Апликацијата поддржува снимање во HEVC (H.265) и ProRes формат со кодирање во боја на Log, при што последната опција е ограничена само на актуелните флегшип смартфони на Apple, iPhone 15 Pro и 15 Pro Max.
Apple истакнува дека корисниците кои имаат активна претплата на Final Cut Pro за iPad можат да ја користат функцијата Live Multicam, која овозможува далечинско гледање, контрола и синхронизација на содржината на најмногу четири iPad и iPhone модели. На овој начин, корисниците можат да добијат приказ во живо и да управуваат со сите контроли користејќи iPad, додека снимаат со iPhone.
Апликацијата може да се преземе бесплатно на овој линк.