Откако спецификациите почнаа да „протекуваат“ во јавноста, Honor официјално го претстави смартфонот Play 60 Plus.
Станува збор за уред од средна класа, кој го покренува Snapdragon 4 Gen 2 процесорот на Qualcomm. Има 6,77-инчен LCD екран со HD+ резолуција и стапка на освежување од 120 Hz, додека максималната осветленост е 850 нита и може да се намали на само 2 нита, за заштита на очите на корисникот во услови на слаба осветленост.
Од задната страна се наоѓа главна камера од 50 MP со отвор на бленда f/1,8, како и сензор за длабочина од 2 MP. Селфи камерата од 5 MP е поставена во отворот на екранот.
Уредот користи оперативен систем MagicOS 8.0 базиран на Android 14, а има IP64 сертификат за отпорност. Сензорот за отпечатоци е поставен од бочната страна
Honor 60 Plus доаѓа во Phantom Black, Wonderland Green и Moonlight White. Моделот со 12 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија чини 206 долари, додека моделот со 12 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија чини 234 долари.