LG Display дивизијата објави дека развила и почнала со производство на 13-инчен Tandem OLED панел за лаптоп компјутери.
Тандем OLED е истата технологија што Apple првпат ја воведе во своите најнови iPad Pro модели, кои беа претставени минатиот месец. LG Display е главниот снабдувач на панели за тие таблет уреди.
Тандем OLED панелот има двацрвени, зелени и сини (RGB) слоја кои емитуваат светлина, за разлика од постоечките OLED панели за паметни телефони кои имаат еден слој што емитува светлина. Ова му овозможува на панелот да обезбеди поголема осветленост со подолг животен век.
Поради овие квалитети, LG Display првпат ја воведе оваа технологија во 2019 година кај панелите во автомобилите, за кои се потребни поиздржливи и долготрајни екрани од оние што се користат во производите за широка потрошувачка.
Компанијата сега стана и прва што го воведе Tandem OLED кај преносните компјутери. LG Display соопшти дека нејзиниот најнов 13-инчен Tandem OLED панел нуди двојно поголем животен век и три пати поголема осветленост од постоечките OLED панели во индустријата за преносни компјутери.
Јужнокорејскиот производител на дисплеи објави дека потрошувачката на енергија е исто така намалена за 40%, што го прави панелот оптимален за преносни компјутери со вештачка интелигенција и други уреди од високата класа.
Според LG Display, панелот, кој исто така е чувствителен на допир, претрпел подобрувања во дизајнот и компонентите за да биде околу 40 проценти потенок и 28% полесен од претходните панели, што го прави оптимален за премиум преносни компјутери кои нудат тенок дизајн, пренесува ZDNet. Исто така, нуди WQXGA+ (2880×1800) ултра висока резолуција и 100% DCI-P3 опсег на бои, како и исполнување на Vesa Display HDR True Black 500 со висок динамички опсег за да се испорача длабоко црно ниво, додаде компанијата.
Производителите на дисплеи како што се LG Display и Samsung Display бараат нови области за раст надвор од паметните телефони и активно бараат да ги прошират своите понуди на OLED панели за преносни компјутери и таблет уреди. Apple, кој првпат проимени OLED технологија во своите iPad модели, речиси сигурно ќе сака да ја користи Tandem OLED технологијата и во своите MacBook компјутери вцо иднина.
Ова значи дека нивните добавувачи, LG Display и Samsung Display ќе сакаат да акумулираат повеќе искуство и експертиза во OLED панелите за преносни компјутери, пред нивниот главен клиент од Купертино да може да започне со имплементација.