Американската компанија Meta е во преговори за интегрирање на својот генерички модел на вештачка интелигенција во системот за вештачка интелигенција на новиот модел на паметни телефони на Apple, објави Wallstreet Journal.
Весникот, повикувајќи се на добро упатени извори, наведува дека дискусиите не се завршени и дека не е сигурно дека ќе бидат успешни.
Apple овој месец воведе функции за вештачка интелигенција во обновениот софтвер за паметни телефони кој ќе има чет бот ChatGPT интегриран во самите уреди.