Apple ја објави втората бета верзија за програмерите на своите нови оперативни системи iOS 18 и iPadOS 18. Сè уште не се објавени јавните верзии, кои се очекуваат следниот месец.
Една од големите промени со iPadOS 18 бета е додавањето поддршка за алтернативни продавници за апликации во ЕУ. Дополнително, воведена е и можноста за надворешни опции за плаќање во App Store, менување на стандардниот прелистувач и избор на друг пребарувач.
Овие промени беа воведени кај iPhone со iOS 17.4. Што се однесува до бета верзијата на iOS 18, тука за издвојување е поддршката за iPhone mirroring со macOS Sequoia. Оваа опција нема да биде достапна во ЕУ, барем до крајот на годината.
Со втората бета верзија на iOS 18 воведена е и поддршката за RCS протоколот за испраќање пораки.