Регулаторите на Европската унија објавија дека Apple го прекршува Законот за дигитални пазари со тоа што не им дозволува на програмерите да ги пренасочуваат корисниците од нивниот App Store на останатите опции, понуди и содржини
Европската комисија вчера објави дека Apple ги прекршува новите прописи насочени кон големите технолошки компании со тоа што не дозволува програмерите да ги пренасочуваат корисниците од нивниот App Store на други слични платформи. Отворањето на платформите на Apple, да потсетиме, беше спроведено токму со цел iOS и iPadOS да се усогласат со Актот за дигитални пазари (DMA), но тоа не било спроведено на начин на задоволително ниво за Комисијата.
Во исто време, Европската комисија извести за започнување на нова истрага за неодамнешните договорни услови на Apple со програмерите. Истрагата, која исто така е под Законот за дигитални пазари, ќе ги преиспита правилата против насочување, кои им забрануваат на технолошките компании да ги блокираат бизнисите да ги информираат корисниците за поевтини алтернативи или надворешни претплати. Проблематична во овој случај се смета наплатата за надмоест наплатата на надоместокот (Core Technology Fee) за надворешни апликации.
Прелиминарните наоди открија дека Apple го прекршил Законот со тоа што ги спречува програмерите на апликации да ги насочуваат потрошувачите кон алтернативни канали за понуди и содржина. Apple им дозволува на програмерите да објавуваат линкови за купување содржини надвор од App Store, но наметнува неколку ограничувања кои ја лимитираат комуникацијата и промоцијата преку претпочитаните канали. Покрај тоа, надоместоците на Apple за стекнување нови корисници преку App Store се сметаат за преголеми.
Наодите беа испратени до Apple, па на почетокот на оваа недела компанијата беше официјално известена дека го прекршила Законот за дигитални пазари. Комисијата сега го чека нивното официјално соопштение и велат дека со овие сознанија не ја прејудицираат конечната одлука. Доколку во понатамошната постапка се потврди дека Apple ги прекршува правилата наведени во DMA, Комисијата ќе може да донесе официјална одлука. Тоа мора да го стори најдоцна 12 месеци по покренувањето на постапката што беше поведена на 25 март годинава.