Се шпекулира дека Apple планира редизајн на Apple Watch за десетгодишнината од претставувањето на уредот, а 91mobiles тврди дека набавил CAD рендери на Apple Watch Series 10 или „Apple Watch X“ од инсајдери во индустријата.
Сајтот тврди дека рендерите се од поголемиот модел со 2-инчен дисплеј. Актуелниот Apple Watch Series 9 (45 мм) има дисплеј од 1,7 инчи, додека Apple Watch Ultra има големина на екранот од 1,93 инчи, така што ова би бил најголемиот екран на Apple Watch досега.
Се наведува дека неговите димензии се приближно 46 x 39,7 x 11,6 мм, што би го направило поголем од Series 9, но помал од Ultra. Инаку, рендерите сугерираат дизајн сличен на Series 9, со дигитална круна и странично копче и квадратен дисплеј.
Новинарот на Bloomberg, Марк Гурман рече дека значително редизајнираниот Apple Watch X ќе биде лансиран во 2024 или 2025 година, по повод десетгодишнината од уредот. Оригиналниот Apple Watch беше најавен во септември 2014 година и објавен во април 2015 година.
Гурман најави дека Apple Watch X ќе биде опремен со потенко куќиште и дека потенцијално ќе има систем за прицврстување на магнетна лента, иако нема докази за тоа во рендерите.
Аналитичарот на Apple, Минг-Чи Куо неодамна тврдеше дека Apple Watch Series 10 ќе биде потенок и ќе има поголеми димензии на екранот од претходните модели. Куо посочи дека опциите за големина на екранот на следната генерација на Apple Watch ќе се зголемат од 41мм на 45мм и од 45мм на 49мм, и дека часовикот има потенко куќиште. За споредба, Apple Watch Ultra има куќиште од 49 мм.
Во овој момент не е јасно дали CAD рендерите се точни, но во секој случај Apple вообичаено лансира нови модели на Apple Watch околу септември заедно со најновата iPhone линија. Се најавува дека Apple планира да вгради мониторинг на крвниот притисок оваа година, при што часовникот ќе може да открие хипертензија. Покрај тоа, гласините велат дека и откривањето на апнеја при спиење ќе пристигне кај новиот Apple Watch модел од 2024 година.