Google постојано прави промени во своите апликации и услуги, а сега компанијата става крај на бескрајното скролање при прикажувањето на резултатите од пребарувањето.
Оваа функционалност беше воведена на мобилните платформи во 2021 година и за десктоп во 2022 година. Првично, оваа можност исчезна од десктоп, а во наредните месеци ќе ја нема ниту на мобилните решенија.
Наместо тоа, на десктоп, Google ќе го врати класичниот интерфејс со страници. Ова ќе им овозможи на корисниците да одат на одредена страница или едноставно на следната или претходната страница.
За мобилните платформи, ќе има копче More results, што ќе ја вчитува следната страница. Според компанијата, оваа промена ќе овозможи побрза испорака на резултатите.