Motorola го претстави смартфонот S50 Neo за кинескиот пазар, а истиот уред пристигна и во Европа, но под друго име.
Европејците ќе можат да го купат Motorola G85, смартфонот кој го покренува Snapdragon 6s Gen 3 процесорот на Qualcomm, кој се наоѓа и во моделот S50 Neo, а кој всушност е ребрендиран Snapdragon 695 од 2021 година.
Уредот доби 6,67 инчен pOLED екран со резолуција од 1.080×2.400 пиксели, 12 GB RAM, 256 GB внатрешна меморија која може да се прошири, а се напојува од батерија со капацитет од 5.000 mAh со поддршка за брзо полнење од 30 W.
На задната страна се наоѓа главната камера од 50 MP (f/1.8) со оптичка стабилизација на сликата, а придружена е со ултраширока камера од 8 MP. Однапред е сместена селфи камерата од 32 MP.
Уредот користи оперативен систем Android 14 и е достапен во три бои – Urban Grey, Olive Green и Cobalt Blue.
Motorola G85 во Европа ќе чини меѓу 320 и 350 евра, а првите купувачи во пакетот покрај смартфонот можат да очекуваат и TurboPower полнач од 68 W