Се распадна руски сателит за набљудување на Земјата – американските астронаути се засолниле во Меѓународната вселенска станица.
Рускиот сателит RESURS-P1 се распадна на повеќе од 100 парчиња отпад во орбитата, принудувајќи ги астронаутите на Меѓународната вселенска станица (МВС) да бараат засолниште, објавија денеска американските вселенски агенции.
Британските медиуми наведуваат дека засега нема детали што го предизвикало распаѓањето на рускиот сателит за набљудување на Земјата.
Канцеларијата на вселенската станица на NASA соопшти дека инцидентот се случил во орбитата во близина на Меѓународната вселенска станица, поради што американските астронаути се засолниле во своето вселенско летало околу еден час.
Компанијата за вселенско следење LeoLabs наведе дека „американските радари во текот на изминатата ноќ и рано утринава откриле дека сателитот испушта облак од отпад во ниската орбита“.