CMF, подбренд на компанијата Nothing најави лансирање на три нови уреди: CMF Phone 1, Buds Pro 2 и Watch Pro 2, кои ќе бидат претставени на 8 јули.
CMF Phone 1 ќе биде првиот паметен телефон на брендот со 6,7-инчен AMOLED екран, процесор MediaTek Dimensity 7200 и батерија од 5000 mAh. Телефонот ќе биде опремен и со шрафцигер, кој им овозможува на корисниците сами да го поправаат, што посебно ја олеснува замената на батеријата.
A turn for the best.
CMF Phone 1. Coming 8 July. pic.twitter.com/SG4vowRRdQ— CMF by Nothing (@cmfbynothing) June 25, 2024
Buds Pro 2 безжичните слушалки имаат Smart Dial на футролата, што овозможува да ја прилагодите јачината на звукот и да ја вклучите функцијата за поништување шум.
Watch Pro 2 часовникот има можност да ја отстрани рамката, што сугерира дека корисниците ќе можат да го прилагодат изгледот на часовникот.
A wonderful turn of events.
Buds Pro 2 and Watch Pro 2 join Phone 1 in the new CMF by Nothing line-up.
Learn everything at our next Community Update on 8 July 2024, 10:00 BST. pic.twitter.com/we04dldkBa
— CMF by Nothing (@cmfbynothing) June 18, 2024
CMF уредите се дизајнирани со акцент на функционалноста и достапноста, а стилот и иновативноста ги прават единствени на пазарот.
Едвај го чекаме 8. јули и презентацијата, бидејќи вака дизајнираните уреди денес се се поретки. Секако, од исклучителна важност е што една веќе етаблирана компанија како Nothing стои зад овој потфат.