Се чини дека ќе треба да почекаме барем уште неколку години пред да се појават очекуваните очила за проширена реалност Apple Glass. Информациите на Bloomberg укажуваат дека развојот на уредот се уште е во многу рана фаза.
Крајната цел на компанијата е да понуди лесни очила со функционалност на проширена реалност (AR). Досега очекувањата беа дека овој уред би можел да се појави најрано во 2026 или 2027 година, но сега тие датуми изгледаат доста оптимистички.
Информациите на новинарот Марк Гурман укажуваат дека компанијата нема да биде подготвена за очилата во следните неколку години. Според него, ќе бидат потребни уште неколку години за Apple да најде смисла за очилата.
Идејата зад Apple Glass е да се создаде производ што ќе се приближи што е можно поблиску до стандардните очила со мала дополнителна тежина и секако со AR елементи во видното поле.
Овие типови производи е многу потешко да се развијат во споредба со сегашните уреди за проширена и виртуелна реалност.