Huawei активно работи на развој на сопствени процесори, што е нормално, со оглед на ограничувањата наметнати од американските санкции. Сега, новите информации сугерираат дека компанијата ја подготвува следната генерација на Taishan јадра, кои се помоќни и поефикасни од било кога.
Се чини дека Taishan јадрата ќе се користат во претстојната архитектура на централниот процесот и ќе бидат дел од конфигурацијата за енергетската ефикасност. Според податоците, новите јадра имаат повисоки перформанси од Cortex-A510 во Kirin 9000s со помала потрошувачка на енергија.
Според објавувачот, архитектурата Taishan V130 ќе се натпреварува со чипот M3 на Apple и може да се произведува во 5 нанометарски процес. Ова би бил голем скок за компанијата, но останува да се види како ќе се одвиваат работите.
The new Huawei Taishan's small cores has adopted a style similar to Apple's small cores, achieving extremely low power consumption while maintaining a single-core score of around 350 points in GeekBench 5. In contrast, the A510 on the 9000S only scores around 200 pts. pic.twitter.com/mWHBJl97Ky
— jasonwill (@jasonwill101) June 27, 2024