Претстојните iPhone 16 Pro и iPhone 16 Pro Max модели ќе бидат првите паметни телефони на Apple што ќе го користат „M14“ OLED екранот со високи перформанси на Samsung, се тврди во новиот извештај што доаѓа од Јужна Кореја.
Според ETNews, М серијата OLED панели на Samsung е направена за водечките паметни телефони, додека 14 се однесува на бројот на материјали со високи перформанси што се користат за нивно производство. M14 е првата серија од ваков вид, а се вели дека панелите се развиени за да нудат супериорна осветленост и долговечност.
Samsung наводно направил нарачки за материјалите на M14 и се подготвува за масовно производство на дисплеите во втората половина од годината за iPhone 16 Pro моделите на Apple. Pixel 9 на Google е единствениот друг уред што се очекува да ги примени дисплеите со високи перформанси во 2024 година.
Претходниот извештај од Кина тврдеше дека годинашните iPhone 16 Pro уреди ќе имаат до 1.200 нита типична SDR осветленост – 20% зголемување во однос на сегашните модели – така што новиот панел на Samsung може да биде причина за очекуваното подобрување. Како што се наведува, се очекува максималната HDR осветленост да остане на 1.600 нита, исто како кај сегашниот екран на iPhone 15 Pro.
Друга гласина минатата година сугерираше дека сите iPhone 16 модели ќе прифатат нова micro-lens ОЛЕД технологија за дисплеи за подобрена осветленост и намалена потрошувачка на енергија, иако не е јасно дали е ова конкретно поврзано со M14 панелите.
Според повеќе извори, iPhone 16 Pro и iPhone 16 Pro Max ќе имаат поголеми димензии на екраните на iPhone 15 Pro моделите. iPhone 16 Pro ќе има дисплеј со големина од 6,27 инчи (заокружен на 6,3), додека iPhone 16 Pro Max се очекува да има дисплеј со големина од 6,85 инчи (заокружен на 6,9).