Европската комисија наведува дека минатата година од земјите надвор од ЕУ пристигнале две милијарди пакети со декларирана вредност помала од 150 евра, што е и прагот под кој може да се купи стока без царина.
Европската унија подготвува планови за воведување царини за евтини стоки купени преку кинеските онлајн продавници како Temu, Shein и AliExpress, објави Financial Times.
Се известува дека кон крајот на овој месец Европската комисија ќе предложи да се укине постоечкиот праг од 150 евра, под кој стоката може да се купува без царина. Инаку, според сегашните регулативи на ЕУ, пакетите купени преку интернет надвор од ЕУ не подлежат на царина доколку нивната вредност не надминува 150 евра, што им е добро познато на оние кои често нарачуваат стока од трети земји.
Од Комисијата велат дека лани од земји надвор од ЕУ пристигнале две милијарди пакети со декларирана вредност помала од 150 евра, со што, велат, „сериозно се тестираат границите на царинската контрола“. Укинувањето на прагот од 150 евра ќе биде дел од проектот за реформа на царинскиот систем предложен лани во мај, чија цел е да се спротивстави на зголемувањето на евтиниот увоз на стоки.
За ова се огласи и портпаролот на Shein, велејќи дека тие целосно ги поддржуваат напорите на законодавците за реформata na uredbata deminimis, додека Alibaba, матичната компанија на AliExpress, Temu и Европската комисија не одговорија на новинарските прашања.