Очекуваме Honor следната недела да го претстави најтенкиот паметен телефон со екран на преклопување, Magic V3. Сепак, Xiaomi може да го преземе водството во оваа метрика со Mix Fold 4.
Благодарение на дојавувачот @evleaks, имаме и наводна фотографија од работен прототип на преклопниот модел. На сликата може да се види задниот дел на уредот, кој открива присуство на масивен модул со главната камера на врвот.
With foldables from China helping to drive innovation in the category, this one should generate some interest. Xiaomi MIX Fold 4: SD 8Gen3, 50MP main, Leica Summilux, 5000mAh+, wireless charging, IPX8, thickness<10mm. (Imagery described as "work product" and could be non-final.) pic.twitter.com/QA6WvRsReJ
— Evan Blass (@evleaks) July 2, 2024
Камерата е четирикратна со главен сензор од 50 MP (1/1,55″) со оптичка стабилизација, а моделот ќе биде дел од партнерството со Leica. Ќе има и 60MP OmniVision OV60A сензор со телефото оптика со 2x зум, ултра 12MP широк објектив и 10MP со перископ објектив за 5x зум.
Mix Fold 4 ќе користи Snapdragon 8 Gen 3 чипсет и ќе биде со дебелина помала од 10 мм. Може да има и IPx8 сертификат и батерија од 5.000 mAh со брзо полнење до 67 W. Очекуваната премиера на Mix Fold 2 се очекува во третиот квартал на годината.