Два дена по премиерата на новите Galaxy Z преклопни модели на Samsung на 10 јули, Honor на 12 јули ќе ги претстави своите нови уреди на преклоп во Кина и изгледа дека повторно корисниците ќе бидат импресионирани.
Станува збор за флексибилните Magic V3 и Vs3, за кои компанијата ветува дека ќе биде уште потенки, а покрај нив ќе ги видиме таблетот со 3K 144Hz OLED дисплеј MagicPad 2 и лаптопот MagicBook Art 14.
Honor објави и кратко тизер видео кое го прикажува Magic V3 со кожен заден дел и златни металик елементи. Можеме да ја видиме и областа на главната камера со октогонална форма, која излегува добро над куќиштето и потсетува на Magic6 Pro, а во неа можеме да видиме три симетрично лоцирани сензори – едниот со телефото перископ леќа.
Сè уште не знаеме колку ќе биде тенок телефонот, но очекуваме да биде помал од Magic V2, кој беше со дебелина од 9,9 мм кое е склопен. Исто така, не знаеме дали батеријата ќе го задржи капацитетот од 5000 mAh или ќе биде поголема.