Неодамна имаше индикации дека Huawei би можел да лансира смартфон на преклопување во серијата Nova во јули, но сега новите податоци покажуваат дека тоа ќе се случи на почетокот на август. Информацијата доаѓа од дојавувач на кинеската социјална мрежа Weibo.
Телефонот ќе има пониска цена во споредба со Pocket 2 објавен во февруари во Кина и би можел да чини помеѓу 509 и 636 евра) што ќе го направи популарен меѓу потрошувачите.
Уредот може да користи чипсет Kirin 9010E, кој е позициониран малку под Kirin 9010. Се очекува да се базира на поголем надворешен дисплеј во споредба со Pocket 2.
Останува да се види дали уредот ќе се појави и во Европа, но тоа е малку веројатно. Меѓутоа, поради ниската цена, многу потрошувачи кои го одложуваат изборот на преклопен модел би можеле да се одлучат за него.