Волонтери на NASA кои поминаа повеќе од една година во бункер кој симулира услови на Марс, денеска ја завршија својата мисија.
По 378 дена во бункер печатен во 3Д, кој ги имитира условите на Марс, лоциран во Тексас, Кели Хејстон, Анка Селарио, Рос Броквел и Нејтан Џонс излегоа надвор.
Волонтерите беа дел од мисијата на NASA за истражување на здравјето и перформансите на екипаж (ЦХАПЕА), која почна на 25 јуни минатата година, пренесува Sky News.