Корисниците на Windows 11 сега во рамките на Notepad имаат функции кои го карактеризираат Word
Microsoft конечно ги овозможува функциите „spellcheck“ и „autocorrect“ за апликацијата Notepad во Windows 11.
Споменатите функции пристигнуваат по 40 години, од моментот кога едноставниот текстуален уредувач е воведен во Windows во 1983 година.
Microsoft започна со тестирање на функциите во март и сега тивко ги префрли на сите корисници на Windows 11.
Проверката на правописот на Notepad е речиси идентична со начинот на кој Word или Edge ги означуваат погрешно напишаните зборови, со подвлечена црвена линија за јасно означување на грешката.
Корисникот може да овозможи или оневозможи проверка на правопис во Notepad за Windows 11 во менито за поставки.
Кога станува збор за опцијата за автоматска корекција, печатните грешки автоматски се коригираат кога е овозможена проверката на правописот. Оваа опција може да се исклучи и во поставките.
Notepad за Windows 11 веќе некое време добива подобрувања и нови функции, вклучувајќи бројач на знаци, темен режим, јазичиња, интеграција на Copilot и многу повеќе.