Кинеската компанија Greater Bay Technology тврди дека нивната нова батерија за електрични возила може да работи во сите временски услови
Екстремните температури се најголемиот непријател на батериите на електричните возила бидејќи кога температурата паѓа под нулата, EV батериите ја губат својата ефикасност, што пак го скратува досегот на автомобилот. Кинескиот стартап Greater Bay Technology, основан пред три години има за цел радикално да го промени начинот на работа на батериите на електричните возила и тврди дека неговиот Phoenix е идеално решение за проблемот.
Зад стартапот кој само за две години порасна до вредност од милијарда долари, стои компаијата GAC, трет најпоуларен бренд на електричните возила во Кина. Нивната прва батерија можеше да се наполни за 15 минути и да обезбеди автономија од 500 километри. Технологијата веќе се имплементира во Aion, електричниот SUV на GAC.
Новата генерација на Phoenix, јавуваат кинеските медиуми, а пренесува Bloomberg, може да обезбеди автономија од 1.000 километри со едно полнење. Употребата на суперпроводливи материјали и технологии за термичко управување во ќелијата гарантира дека батеријата може да се загрее од -20 до +25 степени целзиусови за само пет минути.
Bay во Гуангжу гради постројка од 8 GWh што може да снабдува батерии за 120.000 возила, што е редок податок достапен на нивната веб-страница. Оваа батерија, како што се наведува, ќе им овозможи на електричните возила „нормално да работат во сите временски услови, при високи и ниски температури и на различни напонски платформи од 300 до 1000 волти“.
Во рамките на нормалниот опсег на работна температура, батеријата може брзо да се наполни и да достигне полн капацитет за само шест минути, што значи дека полнењето не трае подолго од полнењето на резервоарот на автомобил на бензински погон. Новите батерии, веруваат неговите креатори, би можеле да го напојуваат Aion на GAC веќе следната година, како и електрични автомобили од други производители.