Веќе се појавија многу податоци информации за очекуваната следна флегшип генерација на смартфони – Xiaomi 15 Се разбира, информациите се главно поврзани со Xiaomi 15 и 15 Pro моделите, кои може да дебитираат веќе во октомври во Кина.
Сепак, се чини дека компанијата работи и на Ultra модел, што е логично врз основа на сегашната генерација. Исто така, логично е уредот да го користи водечкиот чипсет Snapdragon 8 Gen 4, како и да има подобрена камера.
Сега новите информации покажуваат дека Xiaomi има намера повторно да го лансира Ultra моделот на меѓународниот пазар, на сметка на Pro моделот, кој ќе биде ексклузивен за Кина.
Xiaomi 15 Ultra е забележан во базата на податоци на IMEI со кодови на производи 25010PN30C, 25010PN30G и 25010PN30I. Тие се наменети за Кина, меѓународниот пазар и Индија.
Останува да се види кога ќе биде објавен идниот премиум смартфон на Xiaomi, а една од потенцијалните можности е Мобилниот конгрес во Барселона во февруари, 2025 година за лансирање на меѓународната верзија. Инаку, уредот може да се појави во Кина веќе во јануари следната година.