Samsung вчера на Unpacked настанот во Париз ги претстави новите производи од Galaxy серијата, а меѓу најинтересните секако е паметниот прстен – Galaxy Ring.
Се работи за целосно нов производ од Samsung и го означува влезот на компанијата на пазарот на паметни прстени, на кој Oura во голема мера доминира во последните неколку години. Еве ги сите детали за овој уред.
Samsung Galaxy Ring има конкавен дизајн и е изработен од титаниум од 5 степен, па затоа е многу лесен – само 2,3-3,0 грама, во зависност од големината. Ширината на прстенот изнесува само 7 mm, а дебелината е само 2,6 mm. Покрај тоа, се одликуа со водоотпорност од 10 ATM и рејтинг IP68. Доаѓа во девет големини: од 5 до 13.
Здравствено следење
Содржи многу здравствени сензори, кои главно можат да помогнат во следењето на отчукувањата на срцето и спиењето. Galaxy Ring може да ве предупреди за високи и ниски отчукувања на срцето и има функција за проверка на срцевиот ритам во живо.
За следење на сонот, постојат пет функции: латентност, време поминато во кревет, ноќно движење, отчукување на срцето и фреквенција на дишење.
Сите здравствени податоци снимени од Galaxy Ring ќе се најдат во апликацијата Samsung Health. Со новиот алгоритам за спиење на Самсунг со вештачка интелигенција, се добива дневен резултат за спиење, па дури и анализа на ‘рчењето. Резултатот е дизајниран да ви помогне да ги разберете вашите шеми на спиење и да изградите подобри навики.
Energy Score
Тука е и Energy Score, кој е покренат од AI, кој се состои од четири фактори: сон, активност, отчукување на срцето при спиење и варијабилност на отчукувањата на срцето при спиење (HRV).
Ако го користите Galaxy Ring со паметен телефон Samsung, на пример, можете да фотографирате или да го исклучите алармот со двојно допирање на екранот.
Што се однесува до траењето на батеријата, големините 5-11 добиваат околу шест дена траење на батеријата (со батеријата од 18 mAh), додека големините 12-13 добиваат седум дена (со поголемата батерија од 23,5 mAh). Потребни се околу 80 минути за полнење на прстенот од 0% до 100%.