Hisense, глобален лидер во потрошувачка електроника и апарати за домаќинство, го носи искуството од гледање спорт и финалето на UEFA EURO 2024™ на сосема ново ниво со својот 100-инчен ULED телевизор.
Компанијата се рангираше на првото место во светот за продажба на 100-инчни телевизори во 2023 година и во првиот квартал од 2024 година. Како официјален партнер на UEFA EURO 2024™, Hisense ги запознава гледачите со ерата на 100-инчните телевизиски екрани. Така, Hisense практично им дава „голем екран“ за гледање фудбал на најголемите LED телевизори во индустријата.
Гледачите сега можат да уживаат и во целосно ново искуство на гледање спорт во домот на екрани од 100 инчи кои се докажани на пазарот и се совршено прилагодени за секое растојание на гледање.
Можни се живописни спортски преноси благодарение на напредната LED контрола на позадинското осветлување и технологијата за управување со бои на Hisense. Hisense Hi-View Engine го подобрува квалитетот на сликата со автентичен приказ, подобрен контраст, почисти и појасни движења и остри, но не пренагласени детали. Quantum Dot Color создава пореална слика, со преку милијарда бои, додавајќи богатство и длабочина на сликата. До 40.000 Full Array Local Dimming и максималнатаосветленост до 10.000 нити обезбедуваат подобра слика – од најтемно црно до бело.
Hisense ULED телевизорите се познати по нивниот исклучителен квалитет на слика и звук, за што имаат освоено награди, вклучувајќи ги и CES Innovation Awardsи Tom’s Guide Editor’s Choice Award. Глобалните медиуми ги препорачуваат, при што PC Mag наведува дека Hisense телевизорот е најдобриот избор во категоријата заисплатливост на инвестицијата, Digital Trends го фалат нивниот WOW фактор и визуелен впечаток, а Ratings укажува на минимално замаглување водвижењета и акцијата.
Претставувајќи толку голем екран, кој ги надминува традиционалните дијагонали, 100-инчните Hisense телевизори покажуваат 55-годишно долго патување на иновации. Затоа новиот слоган на компанијата, Hisense, повеќе од бренд, ја одразува посветеноста на врвната технологија за подобар животен стил.
Имате уште малку време до финалето на UEFA EURO 2024™ да си овозможите себе си и на сите што ќе навиваат со вас незаборавно финале на Европското првенство – како да сте во Берлин!