Со оглед на тоа дека деновиве е 37-40 степени, добро е да се знае колку се зголемува температурата во кабината на возилото. По 5 минути скока на 40 степени, по десет минути на 45 степени и на 62 степени по еден час.
Затоа, кога ќе влезете во автомобил кој е паркиран на директна сончева светлина, изладете ја кабината на возилото, отворете ја вратата за да влезе барем малку воздух пред да седнете и вклучете ја климата, но не радикално спуштајте температурата бидејќи тоа не е добро за здравјето.
Но, пред се, ако превезувате деца, никогаш не ги оставајте сами во возилото, дури и на кратко. Тоа може да биде фатално. Истото важи и за домашните миленици.