Новите информации откриваат редизајн на Face ID функцијата и помал Dynamic Island за iPhone 16 серијата
Новите вести сугерираат дека Apple можеби ќе ги редизајнира Face ID и Dynamic Island за претстојната iPhone 16 серија. Apple првпат го претстави динамичниот остров во iPhone 14 Pro серијата, а овој дизајн беше целосно прифатен и од iPhone 15 моделите. Најновите информации сугерираат дека Apple можеби ќе го редизајнира Face ID на iPhone 16 за да го направи Dynamic Island помал.
Уште во мај, одредени странски медиуми како The Telegraph посочија дека британската компанија за полупроводници Coherent, главен снабдувач на делови поврзани со Face ID, била на пат да стави катанец, откако Apple ги прекина нарачките. Главната причина е планот на Apple за промена на дизајнот на Face ID функцијата во iPhone 16 серијата. Оваа промена доведе до тоа објектите на Coherent сега да се соочат со затворање. Digitimes Asia неодамна ја потврди оваа вест.
Сепак, сè уште не е јасно какви специфични „дизајнерски промени“ ќе доживее Face ID во iPhone 16 деријата. Некои странски медиуми шпекулираат дека тоа би можело да помогне да се намали големината на динамичниот остров и да се направи естетски попривлечен. Но, не е исклучена можноста ова да е само подесување на синџирот на снабдување од страна на Apple, што всушност нема да има никакво влијание врз Face ID функцијата.
Вреди да се напомене дека Apple исто така активно развива Face ID технологија под дисплејот за да направи вистински „iPhone со целосен екран“, но оваа технологија нема да биде достапна до следната година.