Експерти спроведоа студија за да ги идентификуваат градовите со најстресен живот во 2024 година.
Студијата зема предвид неколку параметри, вклучувајќи го квалитетот на животот, безбедноста и индексот на загадување како главни критериуми, земајќи го и присуството на навикитеповрзани со стресот, како што се стапката на пушење, дебелината и консумирањето алкохол.
Индија се издвојува на листата со три града, а американскиот град Лос Анџелес се наоѓа на деветтото место, со највисока стапка на дебелина на листата.
1.Атина
Атина, Грција, се најде на врвот на листата на најстресни градови во светот, со највисоко ниво на стрес, кое вклучува низок безбедносен индекс и високи стапки на навики поврзани со стресот, како што се пушење, прејадување и консумирање алкохол. Во споредба со другите градови на листата, Атина има најголема стапка на пушење, со 31,3% од луѓето кои користат цигари.
2.Манила
Второрангирана е Манила, Филипини, со оценка за стрес од 95,15. Манила има најниска оценка за квалитет на живот и еден од највисоките индекси на загадување на рангирањето, со 89,44.
3.Каиро
Каиро, Египет, го држи третото место со највисок индекс на загаденост од 90,81. Присуството на навики поврзани со стресот е помало отколку во другите градови, а во Каиро има и најмала потрошувачка на алкохол од само 0,14 литри годишно по лице, 75 пати помалку отколку во Атина.
4.Сао Паоло
Сао Паоло, Бразил е четврти по ред, со оценка за стрес од 91,26. Овој град го има вториот најнизок безбедносен индекс од сите градови на рангирањето, зад него е само Рио де Жанеиро, уште еден бразилски град. Во споредба со другите градови, Сао Паоло има помалку пушачи, а само 13,2% ја имаат оваа навика.
5.Будимпешта
Будимпешта, Унгарија, е рангирана на петтото место со оценка за стрес од 90,02. Стапките на пушење и дебелина во Будимпешта се споредливи со Атина, но Будимпешта има највисока стапка на консумирање алкохол, со над 11 литри по лице годишно.
6.Рио де Жанеиро
Следува Рио де Жанеиро, Бразил, на шестото место со оценка за стрес од 89,85. Градот има најнизок безбедносен индекс од 22,64 од сите градови во рангирањето, речиси три пати помалку од нивото на безбедност во Будимпешта. Како и Сао Паоло, градот нема многу пушачи, а нивото на загаденост е просечно.
7.Мумбаи
Мумбаи, Индија, е рангиран на седмото место, со оценка за стрес од 87,68. Има низок квалитет на живот и висока загаденост. Стапките на безбедност се повисоки отколку во другите градови на ранг-листата, на второ место по Будимпешта.
8.Делхи
Делхи, Индија, го држи осмото место, поради неговата ниска стапка на безбедност и високата загаденост. Бројот на пушачи во Делхи е помал од другите индиски градови на ранг-листата, со 24,3%. Делхи, исто така, дели ниски стапки на дебелина со другите индиски градови, со само 5,3% од населението, известува N1.
9.Лос Анџелес
Лос Анџелес, САД, е на деветтото место со оценка за стрес од 84,99. Додека Лос Анџелес има највисок индекс на квалитет на живот од 144,53, градот страда од недостаток на безбедност и загадување. Лос Анџелес, исто така, има највисока стапка на дебелина на ранг-листата, со над 46% од населението во градот моментално дијагностицирани.
10.Бангалор
Бангалор, Индија, ја затвора листата на десеттото место со оценка за стрес од 84,49. Бангалор страда од ниска безбедност и проблеми со загадувањето. Покрај тоа, градот има и највисока стапка на пушачи на листата, каде 28,6% од населението пуши.