Google се подготвува за премиерата на својата нова Pixel 9 серија смартфони, која што се очекува во рамките на настанот планиран за 13 август. Традиционално очекуваме голем интерес со оглед на можните цени на уредите, а сега имаме и такви информации за претстојната линија.
Податоците се однесуваат на Франција, а веројатно цените ќе важат и за остатокот на Европа. Pixel 9, кој изгледа ќе се појави во црна, бела, зелена и розова боја, ќе се продава по цена од 899 евра за верзијата со 128GB простор за скалдирање и 999 евра за моделот со 256GB.
Pixel 9 Pro ќе има цена од 1.099, 1.199 и 1.329 евра, што одговара на верзиите за меморија со 128GB, 256GB и 512GB. Топ моделот Pixel 9 Pro XL ќе се нуди во бела, црна, розова и кафена боја и ќе чини 1199, 1299, 1429 и 1689 евра, а последната цена е за варијантата со 1TB. Ќе има разлики во опциите за боја во зависност од вградената интелигенција.
Следната генерација на преклопниот смартфон на компанијата, Pixel 9 Pro Fold би требало да се продава по цена од 1.899 евра за верзијата со 256 GB простор за складирање и 2.029 евра за верзијата со 512 GB, а уредите ќе бидат достапни само во црна и бела боја.
За споредба, Pixel 8 дебитираше со 100 евра пониска цена за основната верзија и 140 евра за онаа со 256 GB меморија. Цената на Pixel 9 Pro е слична на онаа на Pixel 8 Pro, со разлика помеѓу 30 и 40 евра. Од друга страна, Pixel 9 Pro XL ќе претставува вистински наследник на Pixel 8 Pro, бидејќи во овој случај разликите во цената се позначајни.