Веќе некое време, компанијата Realme не подготвува за претстојната најава на следната генерација на паметни телефони од Realme 13 Pro серијата. Серијата ќе вклучува два модели, а покрај истоимениот уред ќе се појави и Realme 13 Pro+.
Сега веќе знаеме кога ќе се одржи официјалното претставување на новата линија, кое што е планирано за 30 јули во Индија. Земјата е меѓу главните пазари за компанијата и нормално е таму да се објави огласот. Потоа, сепак, очекуваме уредите да се појават и во Европа.
#realme13ProSeries5G is launching on July 30th, 14:30 (UTC+8) in India. Get ready to witness DSLR-level clarity powered by the revolutionary #UltraClearCameraWithAI. pic.twitter.com/jrvq4aREsi
— realme Global (@realmeglobal) July 15, 2024
Веќе знаеме дека Realme 13 Pro и 13 Pro+ ќе имаат два Sony LYTIA сензори од 50 MP како главни и со телефото оптика. Главниот сензор ќе го користи LYT-701, а ќе има и систем за оптичка стабилизација. Што се однесува до телефото сензорот, тоа ќе биде LYT-600 (1/2″), кој ќе нуди 3x оптички зум.
Покрај тоа, камерата ќе се потпира на енџин наречен HYPERIMAGE+, кој додава способности за вештачка интелигенција. Според компанијата, ова ќе овозможи и постигнување квалитет како оној кај професионалните DSLR камери.
Новата серија е дизајнирана во соработка со Музејот за ликовни уметности во Бостон, а ќе биде достапбна во зелена, златна (Monet Gold) и виолетова (Monet Purple) боја. Како што можете да претпоставите, две од нив се инспирирани од делата на францускиот уметник Моне.