Apple ги лансираше јавните бета верзии на своите најнови оперативни системи: iOS 18, iPadOS 18, macOS Sequoia, watchOS 11 и tvOS 18. Овие верзии носат голем број нови функции и подобрувања за корисниците на уредите на Apple, но не и она што сите го очекуваа.
Apple ѝ подари на јавноста увид во своите најнови оперативни системи, но јавната бета верзија на iOS 18, најновиот оперативен систем за iPhone привлекува најголемо внимание. Сепак, реакциите на оваа верзија повеќе се насочени кон она што недостасува, отколку на она што е присутно.
Кога Apple го објави годишното ажурирање на својата мобилна платформа во јуни, најголемо внимание привлекоа серија функции наречени Apple Intelligence. Овие функции, кои вклучуваат генерирање слики и подобрено Siri, го одбележаа долгоочекуваниот влез на Apple во областа на вештачката интелигенција.
Сепак, во неодамна објавената јавна бета верзија, нема знаци на Apple Intelligence.
Според некои извештаи, повеќето од овие функционалности постепено ќе се воведуваат во текот на животниот циклус на iOS 18, што значи дека многу од нив нема да бидат достапни до есен или дури следната година. Ова исто така важи и за другите функции кои не се конкретно наведени како дел од Apple Intelligence, вклучувајќи нова категоризација и резимеа во апликацијата Mail, можност за отстранување на несакани луѓе или предмети од фотографиите и функцијата за резиме во Safari.
И покрај недостатокот на овие очекувани функционалности, бета верзијата на iOS 18 носи голем број корисни ажурирања. Најважни се поддршката за RCS пораките, а со тоа и подобрена комуникација помеѓу iOS и Android уредите, поголема слобода во распоредувањето на апликациите на почетниот екран, можност за примена на нијанси на бои на икони и виџети и редизајниран Контролен центар.
Важно е да се напомене дека ова е јавна бета верзија, што значи дека корисниците може да очекуваат одредени грешки и нестабилности. Apple планира да ја објави финалната верзија на iOS 18 наесен, кога се очекува постепено да воведe некои напредни функционалности за вештачка интелигенција.
Корисниците кои сакаат да ја пробаат бета верзијата можат да се пријават за бета програмата на Apple, но се препорачува претпазливост и свесност за потенцијалните ризици од користењето на бета софтверот на примарните уреди.
Apple планира да ги објави финалните верзии на овие оперативни системи наесен.