Титан е втор по големина сателит на Сончевиот систем, а научниците го проучуваат во потрага по живот надвор од Земјата.
Вселенското летало Касини, кое NASA го испрати во 2004 година во мисија за истражување на Сатурн и неговите сателити, вклучувајќи го и најголемиот од нив – Титан, ја заврши својата мисија со паѓање на површината на планетата во 2017 година, но дел од обемната база на податоци собрана во текот на истражувањето дури сега се анализира. Се покажа, како што објави Ројтерс, дека Титан има мориња од течни јаглеводороди.
Титан е вториот по големина сателит на Сончевиот систем, а научниците го проучуваат во потрага по живот надвор од Земјата. Тој е обвиен со портокалова магла и е единственото познато вселенско тело, заедно со Земјата, кое има течни мориња на својата површина, иако овие маси се составени од азот и органски соединенија на метан и етан, компоненти на природен гас.
Студијата на НАСА опфати три мориња во близина на северниот пол на Титан: Кракен Маре, кое е најголемо и покрива област слична на Каспиското Море, Лигеја Маре, второто по големина, која е слична по површина на Големите езера во Северна Америка и Пунга. Маре, кое е со големина на Викторија езерото во Африка. Хемискиот состав на овие мориња богати со метан варира во зависност од нивната географска широчина.
Студијата го документирала и степенот и ширењето на брановите на површината на морето, што укажува на активни морски струи, т.н. тидални струи кои се интензивираат во близина на устието на страничните потоци слични на устието на реките и морињата.
Титан, широк 5.150 километри, е вториот по големина сателит на Сончевиот систем по Јупитеровиот Ганимед и е поголем од планетата Меркур.
Титан и Земјата се единствените тела во Сончевиот систем каде течноста од облаците паѓа на површината, тече како река, се влева во морињата и езерата на површината и испарува назад во атмосферата каде повторно започнува хидролошкиот процес.