Во последните неколку месеци немаше многу информации за водечките Android таблет уреди, но компанијата OnePlus е подготвена да го промени тоа со премиерата на OnePlus Pad 2. Уредот веќе беше прикажан во Кина под името OnePlus Pad Pro, а сега е објавен и на меѓународните пазари.
Моделот нуди 12,1 инчен IPS LCD дисплеј со резолуција од 2120 x 3000 пиксели, стапка на освежување помеѓу 30Hz и 144Hz и максимална осветленост од 900 нита.OnePlus Pad 2 користи Snapdragon 8 Gen 3 чипсет во комбинација со 8/12 GB RAM и 128/256 GB простор за складирање фајлови. Оперативниот систем е Android 14 со кориснички интерфејс OxygenOS 14.
Останатите функции вклучуваат Bluetooth 5.4, NFC, Wi-Fi 7, 6 звучници и две камери со резолуција од 8MP и 13MP. Таблет уредот се базира на батерија од 9510 mAh која може брзо да се полни со 67 W, но треба да обезбедите сопствен полнач.
Дополнително, има и пенкало Stylo 2 кое препознава 16.000 степени на притисок и вклучува вибрациски мотор кој симулира пишување на хартија. Футролата со тастатура се продава посебно, а OnePlus Pad 2 ќе се продава од 1 август во сива боја по цена од 449 евра за верзијата со 12/256 GB меморија, но оние кои однапред го нарачале може да го добијат за 499 евра во комбинација со бесплатен полнач и дополнителен бесплатен додаток – пенкало, тастатура или футрола.