Latitude серијата е наменета за продажба во поголеми количини за компании и деловни корисници и донесува 2-во-1 дизајн, метално куќиште и добра опременост
Ако бараме пандан на серијата Dell Latitude серијата на 14-инчни лаптопи, тоа би била серијата Dell XPS наменета за сегментот на потрошувачи (consumer). Лаптопите се слични во квалитетот на изработката, при што Latitude се очекувано во одреден момент се насочи кон деловните опции. Станува збор за лаптоп со алуминиумско куќиште, екран на допир и конвертибилен формат 2-во-1. Цената на овој модел со процесор Intel Core Ultra 7 165U е 2686 евра. Latitude е сепак наменет за поголеми корпоративни нарачки кога и цените се поинакви.
Од дизајнерската страна, најважната ставка е можноста за конвертибилна употреба, така што овој лаптоп може да го преврти екранот до крај, се до таблет режим на равора, за што е можеби малку претежок со 1,5 кг. Секако, можно е да се користи во сите режими измеѓу, како што е шатор или режим на презентација, а секако Latitude 9450 работи и како класичен лаптоп. Визуелно го има препознатливиот изглед на Dell со логото на производителот на алуминиумскиот капак од екранот. Истиот материјал се користи и на долната страна, а најмодерниот изглед е присутен на потпирачот за дланките. Единствениот пластичен дел од куќиштето е домаќин на огромен тракпад неколку шорткат копчиња на врвот и тастатура со минимално растојание помеѓу копчињата и Mini LED позадинско осветлување. Тастатурата има читач за отпечатоци и деицирано копче за Copilot, како и копчиња за насочување. На двете страни на тастатурата има звучници, а се работи за систем со четири звучници.
Екранот има многу тенки рамки, со што ја следи линијата XPS и таквиот дизајн помага за помалите димензии на овој компактен уред. Екранот има дијагонала од 14 инчи со резолуција од 2560 x 1600 пиксели. Станува збор за IPS панел на допир со висока осветленост од 500 cd/m2. На врвот е поставена способна веб-камера со резолуција од 1080p, IR сензор за најавување на Windows Hello и физички затворач за приватност.
Во внатрешноста на модерно дизајнираниот Latitude 9450, главната приказна ја играат Intel Ultra процесорите, а конкретниот модел има Ultra 7 165U, процесор кој не го гледаме често кај лаптопите. Тој носи само две јадра за перформанси, заедно со осум за ефикасност и две low power јадра. Достигнува највисок работен такт од 4,9 GHz и лесно може да справи со сите канцелариски задачи, мултимедија и некои попребирливи задачи. Има и интегрирана графичка картичка Intel Arc, која е посилна од Iris Xa, но сепак не е доволно моќна за какви било сериозни игри. Лаптопот доаѓа со 32 GB работна меморија и терабајт SSD простор за складирање.