Компанијата Human Mobile Devices официјално го претстави својот најмоќен паметен телефон Skyline.
HMD Skyline е сличен според дизајнот на Nokia N9, а меѓу другото се одликува и по тоа што лесно се поправа (Gen2 repairability). Испуканиот екран или скршената батерија може да се заменат за помалку од 10 минути.
Skyline доби 6,5-инчен OLED екран со FullHD+ резолуција и брзина на освежување до 144Hz. Во засекот на екранот е поставена камера од 50 MP со автофокус.
HMD Skyline користи чипсет Snapdragon 7s Gen 2, кој е комбиниран со 8/12 GB RAM и 128/256 GB простор за skladirawe. Уредот се напојува со батерија од 4.600 mAh која брзо се полни жичено со 33 вати и безжично со 15 вати. Поддржано е и обратно безжично полнење од 5 вати. Сензорot за отпечатоци се наоѓа во копчето за вклучување.
Има три камери на задната страна, главна камера од 108MP со оптичка стабилизација на сликата, 13MP ultrawide и 50MP 2x телефото камера која нуди 4x зумирање. HMD ја усвои технологијата за вештачка интелигенција, така што постои функцијата AI Capture Fusion, која ги максимизира деталите на фотографиите.
Задниот панел на уредот може лесно да се отстрани со одвртување на само една завртка, што овозможува брза поправка на испукани екрани, свиткани портови за полнење или скршени батерии, користејќи стандардни алатки iFixit. Исто така, iFixit се грижи и за резервните делови.
Уредот има приспособливо копче од страна за брз пристап до апликациите и функциите. Го користи оперативниот систем Android 14 и ќе добие две надградби на оперативниот систем и три години безбедносни надградби. Има и Detox Mode, кој овозможува ограничување на известувањата и пристап до социјалните мрежи во случаи кога работите „излегуваат од контрола“.
HMD Skyline со варијанта 12 GB RAM и 256 GB простор за складирање ќе се продава по препорачана цена од 499 евра.