Откако потроши стотина милиони долари, американската вселенска агенција NASA донесе одлука да се откаже од лунарниот ровер Viper, а причината се буџетските проблеми.
Американската Национална воздухоплловно-вселенска администрација NASA вчера соопшти дека сепак нема да го испрати својот ровер Viper на Месечината. Одлуката за преиспитувањето и откажувањето на проектот е донесена поради преголеми трошоци, можни идни зголемувања на трошоците и одложувањата на датумот на лансирање.
Проектот наречен „Испарлив испитувачки поларен ровер за истражување“ (Volatiles Investigating Polar Exploration Rover – Viper), „ќе биде прекинат по сеопфатен внатрешен преглед“, соопшти NASA. Месечевиот ровер ќе биде демонтиран и деловите ќе се користат за други намени.
„Нашите идни патишта максимално ќе ја искористат технологијата и работата вклучени во Viper, притоа зачувувајќи ги критичните средства за поддршка на нашето робусно месечево портфолио“, изјави управителот на NASA, Никола Фокс.
Според државната агенција, роверот првично требаше да биде лансиран кон крајот на 2023 година, па лансирањето мораше да се одложи за оваа година, па за во септември 2025 година. Лансирањето беше планирано да се изврши со помош на приватната вселенска компанија Astrobotic.
Viper беше предвиден за на Јужниот пол на Месечината, со цел да собира примероци од почвата на нашиот природен сателит за испитувања.