Ажурирањето на софтверот од компанијата за безбедносни софтверски решенија CrowdStrike предизвика големи проблеми, што доведе до тоа Windows компјутерите ширум светот да станат неупотребливи
Бројни извештаи покажуваат дека компјутерите со Windows 10 масовно паѓаат, прикажувајќи „син екран на смртта“ (BSOD), а потоа не успеваат да се рестартираат. Проблемот е поврзан со фајлот `csagent.sys`, која е дел од Falcon Sensor на CrowdStrike.
Еден од засегнатите корисници изјави: „Имаме BSOD ширум компанијата предизвикана од „csagent.sys“ и тоа ги урива критичните услуги. Ќе отворам билет, но ова е голем проблем“.
Во извештаите на форумот се наведува дека CrowdStrike издал предупредување со URL, што го вклучува текстот „Tech-Alert-Windows-crashes-related-to-Falcon-Sensor-2024-07-19“ – но е достапно само за регистрирани корисници.
Наводната скриншот од тој напис гласи: „CrowdStrike е свесен за извештаите за падови на хостовите на Windows поврзани со Falcon Sensor. Симптомите вклучуваат хостови кои страдаат од bugcheck\blue screen грешка поврзана со Falcon сензорот“.
Инженерите на CrowdStrike работат на решавање на проблемот
Falcon Sensor е дел од софтверот за кој CrowdStrike тврди дека „ги блокира нападите на вашите системи додека се евидентира и снима активност за брзо откривање на заканите“.
Меѓутоа, во моментов се чини дека сензорот сам по себе е најголемата закана, пренесува The Register.
Броди Низбет, главен ловец на закани во CrowdStrike, го призна проблемот и го објави следново на социјалната мрежа X:
„Постои неисправен фајл на каналот, така што не е само до ажурирањето. Постои решение…
1. Стартувајте го Windows во безбеден режим или WRE.
2. Одете во C:\Windows\System32\drivers\CrowdStrike 3.
Најдете и избришете го фајлот „C-00000291*.sys“.
4. Стартувајте го компјутерот нормално“.
Presumably the status update is just "we are aware", but no further details of what is wrong/how to remediate/etc. pic.twitter.com/4CwG8Aj9GH
— John Hammond (@_JohnHammond) July 19, 2024
Во подоцнежна објава напиша: „Тоа решение нема да им помогне на сите и моментно немам додатни начини за да ви помогнам“,
Како последица на општиот метеж и Windows парализата на компјутерите ширум светот, акциите на компанијата Crowdstrike забележаа остар пад. Прашање е дали после овој мега кикс, оваа компанија некогаш повеќе ќе се врати во сферата на сајбер безбедноста?