Се очекува дека ARM PC архитектурата ќе освои и зазема повеќе од 25% удел на Windows PC пазарот во текот на следните три години
Според прелиминарните податоци на Counterpoint, компанија која ги следи и анализира трендовите на пазарот, глобалната испорака на компјутери во вториот квартал од 2024 година забележала раст од 3,1%, достигнувајќи 62,5 милиони примероци. Ова е втор последователен квартал на раст на пазарот на персонални компјутери. Посебно ветува добар старт и реакција на пазарот на ARM компјутери.
Неодамнешното лансирање на лаптопи со платформата Snapdragon X на Qualcomm го предводеше првиот бран и ја донесе популарноста на лаптопите со вештачка интелигенција. Во споредба со моментно доминантната архитектура x86, овие уреди базирани на Snapdragon X покажаа подобри перформанси во вид на помала потрошувачка на енергија и подолго траење на батеријата, т.е. автономија.
Дополнително, соработката помеѓу MediaTek и Nvidia за развој на следната генерација лаптопи со вештачка интелигенција базирани на ARM архитектура се очекува дополнително да го зголеми нивниот удел на пазарот во периодот 2025-2026 година, што значително ќе влијае на пазарниот удел на архитектуратa базирана на x86 .
Според предвидувањата, до 2027 година PC уредите базирани на ARM архитектура ќе заземаат повеќе од 25% од пазарниот удел.
Што се однесува до пазарното учество и рангирањето на главните производители, тие останаа главно непроменети во вториот квартал од тековната година. Lenovo сè уште е лидер меѓу производителите на компјутери со пазарен удел од 23,6% и квартален раст на испораката од околу 4 проценти. HP го задржа пазарниот удел од 21% во вториот квартал од 2024 година, покажувајќи стабилна продажба. Dell имаше пазарен удел од 16% и беше единствениот од петте најдобри производители на персонални компјутери кој забележа пад.