Според новите информации од сигурен извор, Samsung ќе го користи водечкиот чипсет на MediaTek за целата претстојна Galaxy Tab S10 серија таблет уреди. Ова претставува значителна промена, бидејќи претходните модели првенствено се потпираа на Snapdragon чиповите на Qualcomm.
Информациите доаѓаат од дојавувачот Ice Universe, кој напиша на мрежата X дека сите Galaxy Tab S10 модели ќе работат со MediaTek Dimensity 9300+ чипсет. Преминот на чиповите на MediaTek може да доведе и до попристапни цени на уредите, бидејќи производите на компанијата обично се поевтини од оние на Qualcomm.
Galaxy Tab S10 серијата се очекува да биде претставена во октомври и ќе вклучува само два модели – Plus и Ultra. Ако сето ова се покаже точно, ќе му помогне на MediaTek да се утврди на пазарот на уреди од висока класа во САД, каде што компанијата моментно нема големо присуство.
It has been confirmed that the Galaxy Tab S10 series will all use the MediaTek Dimensity 9300+ chip.
— ICE UNIVERSE (@UniverseIce) July 18, 2024