Nothing подготвува премиера на нов смартфон, поточно нова верзија на познатиот достапен модел Nothing Phone (2а). Новиот уред ќе се вика Nothing Phone (2a) Plus, а неговото официјално претставување е закажано за 31 јули.
Компанијата допрва треба да открие детали за смартфонот, но го опишува како „Плус. Повеќе. Екстра.” Очекуваме Nothing да почне да споделува повеќе детали за уредот во следните денови, бидејќи сликата на тизерот не кажува многу (можеби навестува безжично полнење?), но очигледно се работи за надградена верзија на Phone (2а).
Plus. More. Extra.
Get ready for Phone (2a) Plus on 31 July. pic.twitter.com/AP7JEy8D94
— Nothing (@nothing) July 18, 2024