За љубителите на брзите автомобили, Garmin и Porsche Design ги здружија силите за да создадат специјално издание на актуелниот спортски часовник Garmin Epix Pro (Gen 2). Часовникот ги нуди сите додатоци на Epix Pro (Gen 2), кој е еден од врвните часовници на Garmin во моментот.
Моделот доаѓа со 32 GB вградена меморија, 1,2-инчен AMOLED дисплеј со облога од сафир и најновиот, попрецизен Gen5 сензор за отчукување на срцето. Можете да изберете од 60 видови на тренинзи и спортски активности, како и анимирани тренинзи кои ве насочуваат што да правите и како да вежбате.
Елементите на Porsche може да се видат на куќиштето, како и на специјалниот ремен што оди со него. Софтверот интегрира и специјални копчиња на Porsche – аналогни или дигитални, како и со логото на 12 индивидуални автомобили.
Неговата цена изнесува 995 евра, што не е евтино, но доколку сте сопственик на Porsche, ова би бил одличен додаток за него.