Вселенското летало на NASA, Ксини кое беше во мисија да го истражува Сатурн и неговите месечини од 2004 година, вклучително и најголемата месечина на Сатурн, Титан ја заврши својата мисија.
Касини, вселенското летало на NASA кое беше во мисија да го истражува Сатурн и неговите месечини од 2004 година, вклучително и најголемата месечина на Сатурн, Титан, ја заврши својата мисија со паѓање на површината на Сатурн во 2017 година, меѓутоа, дел од обемната база на податоци собрана во текот на 13 години истражување на Планетарниот систем на Сатурн дури сега се анализира.
Касини собра нови податоци за морињата со течни јаглеводороди на површината на Титан, втората по големина месечина во нашиот Сончев систем и место кое интензивно се проучува во потрага по вонземски живот, пренесува Ројтерс.
Титан е обвиен во портокалова магла и е единственото познато небесно тело покрај Земјата кое има течни мориња на својата површина, иако овие маси се составени од азот и органски соединенија метан и етан, компоненти на природниот гас.
Студијата на НАСА опфати три мориња во близина на северниот пол на Титан: Кракен Маре, кое е најголемо и покрива област слична на Каспиското Море, Лигеја Маре, второто по големина, која е слична по површина на Големите езера во Северна Америка и Пунга, кое е со големина на езерото Викторија во Африка.
Хемискиот состав на овие мориња богати со метан варира во зависност од нивната географска широчина.
Студијата го документирала и степенот и ширењето на брановите на површината на морето, што укажува на активни морски струи, т.н. приливните струи кои се интензивираат во близина на устието на страничните потоци слични на устието на реките и морињата.
Титан, широк 5.150 километри, е вториот по големина сателит на нашиот Сончев систем по Јупитеровиот Ганимед и е поголем од планетата Меркур.
Титан и Земјата се единствените небесни тела во Сончевиот систем каде течноста од облаците паѓа на површината, тече како река, се влева во морињата и езерата на површината и испарува назад во атмосферата каде повторно започнува хидролошкиот процес.