Испитaно е земјиштето кое во 2022 година на Земјата го донесе сондата Chang’e-5
Траги од вода се откриени во примероците што кинеската сонда Chang’e-5 ги врати од Месечината во 2020 година, се наведува во списанието Nature Astronomy.
Откритието беше објавено помалку од еден месец откако сондата Chang’e-6 , прва во историјата која врати примероци од почвата од далечната страна на Месечината и големиот успех на Кина во вселенската трка, објави Nature Astronomy.
– Присуството и дистрибуцијата на вода на Месечината е од фундаментално значење за нашето разбирање на системот Земја-Месечина. И покрај деталните лабораториски истражувања и далечинско набљудување, потеклото и хемиската форма на лунарната вода сè уште се непознати. Во студијата го презентираме откривањето на хидрирани минерали (NH4)MgCl3•6H2O во примероци од почва при што 41 отсто од нивната тежина е вода – се наведува во студијата.
Постоењето на вода на Месечината беше потврдено од американската агенција НАСА во 2020 година со помош на инфрацрвен детектор. Исто така, тоа го докажаа новите анализи на примероци од Месечината донесени на Земјата во 1960-тите и 1970-тите.
Сепак, разликата е во тоа што примероците што ги врати Chang’e-5 се од многу повисоки географски широчини, така што тие даваат повеќе индиции за тоа какви форми може да има водата на површината на Месечината, според Phys.org.
– Нашите наоди сугерираат дека молекулите на водата можат да преживеат во сончевите области на Месечината како хидрирани соли – изјавија научниците.