Италијанскиот производител на луксузни автомобили Ferrari денеска соопшти дека продавачите во Европа ќе почнат да прифаќаат криптовалути, по сличен таков потег во САД.
„Новиот платен систем ќе вклучува проверка на изворот на средствата и итна конверзија на плаќањата во обична валута, а ќе биде воведен од крајот на јули. Новитетот на европскиот пазар следи по успешното лансирање на овој алтернативен систем за плаќање во САД пред помалку од една година, за да ги поддржи продавачите во подобро справување со еволутивните потреби на своите клиенти“, се вели во соопштението на компанијата.
Според тоа, до крајот на 2024 година, Ferrari има намера да ги прошири трансакциите со криптовалути во земјите од својата меѓународна продажна мрежа, каде што криптовалутите се законски прифатени.