Долгогодишниот аналитичар на Apple, Минг-Чи Куо вели дека Samsung ќе обезбеди сензор од 48 мегапиксели за ултрашироката камера на iPhone 18 моделите
Apple наводно планира да го промени снабдувачот на камера сензорите за идните модели на iPhone. Според информациите кои неодамна ги објави долгогодишниот аналитичар на Apple, Минг-Чи Куо, американскиот технолошки гигант се подготвува да ја прекине соработката со Sony и да го претстави Samsung како нов снабдувач на камера сензори во следните две години.
Куо наведува дека Samsung ќе испорача сензор од 48 мегапиксели со големина од 1/2,6 инчи за ултрашироката камера на iPhone 18 моделите, кои се очекува да бидат објавени есента 2026 година.
— 郭明錤 (Ming-Chi Kuo) (@mingchikuo) July 24, 2024
Неофицијалните информации кои ги објави Куо говорат дека Samsung веќе има формирано тим кој ќе ги исполни барањата на Apple, но иако се шпекулира дека веќе е потпишан договор за соработка, се уште ништо не е потврдено.
Што се однесува до самиот квалитет на сензорот, се очекува оној на Samsung да работи исто, ако не и подобро, од сегашните сензори на Sony. Повеќе информации ќе бидат познати во наредните месеци.

