SpaceX сега го продава својот Starlink Mini систем во Европа, кој чини помалку од американската верзија. Исто така, месечната претплата за интернет е значително поевтина отколку во САД
Како и во САД, помалата чинија е достапна преку пакетот Starlink Roam, овозможувајќи им на корисниците да го користат уредот во движење и каде било. Starlink Mini е од посебна корист во оддалечените области каде што нема кабелска инфраструктура, нема сигнал од локалните мобилни провајдери или сакате интернет во секое време додека патувате. Можете буквално да го спакувате во ранец и да го земете со себе.
На Starlink.com цената изнесува 399 евра или околу 433 долари. Во Франција, компанијата ја продава опремата за уште пониски 339 евра (368 долари). Американската верзија чини 599 долари.
Дополнително, SpaceX им наплаќа на европските претплатници пониска месечна интернет претплата: 40 евра за 50 GB податоци или 59 евра за неограничени податоци (Flatrate). Спротивно на тоа, претплатник во САД треба да плати 50 долари за 50 GB податоци или 150 долари месечно за неограничени податоци. Сето ова со брзина од 100 Mbps и поддршка за Wi-Fi 6 стандардот за безжична комуникација.
Разликата во цената секако ќе ги иритира американските корисници. Сепак, SpaceX посочува дека разликата е неопходна за да се спречи преоптоварување на мрежана на Starlink на земјата.
„Во областите со голема употреба, како што се САД, каде што Starlink Mini поставува дополнителни барања за сателитската мрежа, ние нудиме Starlink Mini комплети по повисока цена“, напиша компанијата на својата страница за поддршка.
Што се однесува до нашата област, продажбата во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора ќе започне наскоро, а веќе можете да го купите во Македонија, Хрватска и Словенија.