ProtonMail е многу популарна, шифрирана мејл услуга, која се позиционираше како една од најдобрите опции за испраќање безбедни пораки преку интернет.
Иако речиси сите услуги за е-пошта денес тврдат дека нивните производи ја почитуваат приватноста на корисниците, ProtonMail го прави тоа значително подобро од конкурентите како што се Gmail или Outlook.
Сега ProtonMail додава нова алатка за пишување Proton Scribe на својата услуга за е-пошта, која е достапна за сите корисници како додаток.
Proton Scribе им помага на корисниците да ја подобрат својата продуктивност со креирање мејлови врз основа на прашања, додека вештачката интелигенција се грижи пораката да изгледа подобро, како и да биде граматички точна.
ProtonMail вели дека не се користат никакви податоци или информации за обука на Proton Scribe, ниту пак податоци се споделуваат со трети страни.
Proton истакнува дека алатката Proton Scribe доаѓа на веб и десктоп верзијата на услугата Proton Scribe. Чини 2,99 долари месечно и е бесплатен за корисниците на Proton Visionary и Lifetime.