Компанијата Nothing официјално ќе го претстави смартфонот Phone (2a) Plus на 31 јули, но пред тоа во јавноста протекоа спецификациите на овој уред.
Познато е дека Phone (2a) Plus ќе го покренува MediaTek Dimensity 7350 процерсорот поврзан со до 12 GB RAM, што го потврди и самата компанија Nothing, но сега е откриено дека, за жал на фановите, ќе го користи истиот екран како и Phone (2а). Ќе се продава во сива и црна боја, но финишот ќе биде малку поинаков во однос на моделот Phone (2a).
Селфи камерата ќе биде надградена со сензор од 50 MP, додека моќноста на полнење е зголемена на 50 W. Новиот процесор ги „заокружува“ промените.
Дали тие ќе бидат доволни за привлекување нови клиенти останува да видиме. Nothing Phone (2a) Plus ќе се нуди со 8 и 12 GB RAM меморија спарена со 256 GB простор за складирање.