Според Canalys, испораките на iPhone во Кина паднале за 6,7% на годишно ниво, додека домашните брендови како Huawei, Vivo, Oppo, Honor и Xiaomi забележаа раст
Податоците од Canalys, компанија за истражување на пазарот покажуваат дека испораките на iPhone во Кина паднале за 6,7% во споредба со претходната година.
Овој пад се припишува на силната конкуренција од домашните брендови како Huawei, Vivo, Oppo, Honor и Xiaomi. Посебно Huawei бележи враќање на пазарот на паметни телефони од високата класа, благодарение на напредните чипови произведени целосно во Кина.
Canalys објави дека вкупниот кинески пазар на паметни телефони пораснал за 10 проценти во вториот квартал од 2024 година, со испораки над 70 милиони промероци. Vivo повторно го зазеде првото место со испораки од 13,1 милиони промероци, достигнувајќи пазарен удел од 19%.
Следува Oppo со 11,3 милиони уреди, Honor со 10,7 милиони и Huawei со 10,6 милиони примероци. Xiaomi повторно влезе во првите пет со раст од 17% на годишно ниво, испорачувајќи 10 милиони телефони. Спротивно на тоа, испораките на Apple паднаа на 9,7 милиони примероци, што претставува пазарен удел од 14%.
Зголемената конкуренција и динамиката на пазарот во Кина претставуваат значителни предизвици за Apple. Пазарниот удел на компанијата се намали од 16 проценти минатата година на 14%, што доведе до пад од третото на шестото место.
И покрај промотивните напори, вклучувајќи значителни попусти до 23%, Apple се бори да ја задржи својата позиција на пазарот. Работата дополнително им ја отежнува севкупниот раст на локалните продавачи, кои имаат корист од нивните локализирани синџири на снабдување и силната лојалност на брендот кај кинеските потрошувачи.
Главниот оперативен директор на Apple, Џеф Вилијамс неодамна ја посети Кина, каде се состана со официјални лица во Пекинг и Шенжен за да ја зајакне посветеноста на Apple на кинескиот пазар. Аналитичарот на Canalys, Лукас Жонг, ја нагласи важноста од локализирање на Apple Intelligence за Кина во текот на следната година со цел да се врати уделот на пазарот.
Очекуваното лансирање на iPhone 16 линијата подоцна оваа година исто така може да ја зголеми побарувачката и потенцијално да ја подобри позицијата на Apple на пазарот, пренесува Macrumors.